Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска патува за Турција каде ќе одигра една  средба со селекцијата на оваа земја  но и Италија во рамки на ЕХФ неделата.

Репрезентацијата за Турција патува вечерва, утре се среќаваме со Турција во среда со Италија. Во составот на Брестовац ги нема искусните Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков…

Брестовац сака да ги искористи овие мечеви за проверка на капцитетот на младите играчи пред Европското првенство следната година, играме против домаќинот Австрија потоа Чешкаи Украина.