Вардар не успеа да го изненади Порто во рамки на 12.коло од Лигата на шампиони и загуби со 30-22. Избраниците на Ствече Алушовски одиграа две диаметрално спротивни полувремиња.

Во првото Вардар одигра одлично и на стартот имаше предност и од три погодоци, но во вториот дел кратката ротација си го зеде данокот и Порто успеа да направи целосен пресврт.

 

 

 

Последниот меч од групната фаза Вардар го игра на 29.февруари во СЦ „Јане Сандански“ против францускиот гигант Монпелје.