Вардар одигра две различни полувремиња против Елверум, но најважно е што одиграа феноменално второ, за победа 35-32, гостите имаа предност 20-17 по првите 30 минути, црвено -црните победија за прв пат по 15 октомври, тогаш запишаа триумф над Фленсбург во Скопје.

Првиот дел не донесе добра игра на Вардар, македонскиот шампион се мачеше и беше во негатива 20-17. Извонредна игра во второто полувреме, 18-12 за Вардар, Дибиров расположен, со 9 гола најефикасен во составот на црвено-црните, Гоце Георгиевски постигна 6 гола, Кантегрел во финишот бранеше маестрално.