Вардар успеа да ги тргне настрана проблемите во кои се наоѓа клубот и со убедливи 38-28 го совладаа Мотор Запорожје и стигнаа до петтата сезонска победа годинава во Лигата на шампиони.

Оваа победа значи дека „црвено-црните“ и дефинитивно го загарантираа своето место во осминафиналето од шампионската лига.