Репрезентацијата на Франција е младински ракометен светски шампион откако „галските петли“ во финалниот меч на СП во Шпанија славеа над Хрватска со резултат од 28-23.

Французите во финалниот меч одигран во Виго тргнаа фуриозно и веќе во првите петнаесетина минути со 10-3.

„Коцкестите“ потоа се консолидираа, па на полувреме се замина со резултат од 16-10, а потоа Хрватска на самиот старт од вториот дел намали и на 16-12.

Франција го издржа тој налет на противникот, па рутински ја одржуваше предноста до самиот крај и заслужено дојде до победа од 28-23 и се искачи на тронот на светскиот младински ракомет.За Франција оваа е второ злато во нивната историја кога е во прашање оваа категорија.