Ракометарите на Словенија и Шведска одиграа 28:28 во дербито на вечерта од пресметките од 2 коло во главната фаза на Мундијалот во Египет.

Матеј Габер постигна гол за Словенија во последната секунда и со ова и донесе бод на неговата земја во битката за што повисок пласман.

На табелата во оваа гурпа Египет е на првото место со шест бодови, Шведска е втора со шест бода, додека Русија и Словенија се со по пет бодови, Белорусија има два а Македонија нула.

Во групата 3, Норвешка очекувано го прегази Алжир со 36:23 и напредуваше на второто место на таблета со два бода помалку во однос на лидерот Франција.