Вардар во среда ги продолжува настапите во Лигата на шампионите, доаѓа Кил од Германија, тимот не е во форма, а во таборот на црвено-црните очекуваат меч во кој бодовите може да останат во Скопје.

Анте Гаџа вели дека Вардар нема право на грешки, ако бидат смалени на минимум, шансата за бодови и победа против Кил е голема.

„Сметам  дека има уште простор за подобрување на играта во нападот, со Кил ќе мора да бидеме многу концентрирани во нападот, бидејќи многу лесно ги казнува грешките. Немаме право на грешки, треба да ги сведеме на минимум ако сакаме да дојдеме до победа“ – изјави Гаџа на денешната прес-конференција. 

Дуелот меѓу Вардар и Кил во среда се игра од 20-45 часот со пренос на Аренаспорт.