Македонскиот ракометен тим, КЛ7 потврди дека тимот е засилен со Виктор Василевски и Глигор Гајиќ. Македонските младински репрезентативци имаат суперлигашко искуство, доаѓаат од Металург.

„Концептот на клубoт на Кире Лазаров е во создавање, напредок и развој на младите како ракометари и здрави личности во целост се совпаѓа со концептот на Металург со крајна цел и мисија за унапредување на македонскиот ракомет и подобрување на квалитетот на домашното првенство. Комплетирањето на екипата со Василевски и Гајиќ, кои настапија и на последното Светско кадетско првенство, ќе овозможи стручниот штаб да има оптимален број на играчи и ќе ја зголеми конкурентноста на нивните позиции. Поширокиот ростер ќе допринесе подобар квалитет со оглед на новите предизвици кои стојат пред Голден Арт КЛ7 како дебитант во Суперлигата.“ – соопштија од КЛ7.