Шпански „Диарио Де Леон“, пред извесен период пишуваше дека Адемар Леон ќе се засили со на европскиот шампион Вардар, Калифа Гедбан, но истиот весник денеска ги демантараше тие натписи и веројатно тој ќе ја продолжи кариерата во Ката.

Медиумите откриваат дека алжирскиот голман нема да се пресели во Адемар, поради висината на неговата плата. Имено, Алжирецот барал двојно поголема плата во однос на она што му нудел тимот од Асобал Лигата.

Вардар во моментов се соочува со финансиска криза, и Гедбан е само уште еден во низата ракометари кои наредниов период ќе го напуштат европскиот шампион.