Алжирскиот голман и член на европскиот ракометен клуб Вардар Калифа Гедбан во кратко интервју за веб-сајтот на ЕХФ зборуваше за завршниот турнир во Келн и за неговата адаптација во Скопје.
„Ми беше многу тешко на почеток, бидејќи се случија неочекувани проблеми. Откако се решија, ние одлучивме да го направиме горд македонскиот народ и дадовме 1.000% од нас. Победата во финалето на Лигата на шампионите беше најубавиот момент од мојот живот. Секогаш имам посебно чувство кога ќе се потсетам на последниот судиски свиреж“, вели Гедбан.
Алжирецот зборуваше и за соработката со легендарниот тренер на голманите и некогашен голман Дејан Периќ.
„Учам секој ден колку што можам од Дејан. Но, знам дека ништо не е научено по само една година. Оваа сезона ќе биде уште потешко да се стигне до Келн, бидејќи ракометот се развива и е на уште повисоко ниво“, вели Гедбан во интервјуто за ЕХФ.
Алжирецот во текот на викендот ќе се приклучи на подготовките на вардарци, кои ќе заминат во Требиње.
Comments are closed for this post.