Калифа Гедбан и РК Вардар се договирија да ја продолжат соработката, голманот од Алжир продолжува со шампионот на Европа уште една сезона.

„ Калифа во Вардар сезонава со своите настапи покажа многупати дека е квалитетен голман. Ние одамна го препознавме тој квалитет и веруваме дека неговите игри ќе бидат уште подобри. Со младоста, квалитетот и посветеноста ветува дека ќе израсне во врвен играч. Задоволни сме што и тој останува во Скопја и што заедно ќе одиме во уште една сезона и ќе го напаѓаме европскиот врв, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Со екипата на Вардар стигна до четири трофеи сезонава, во домашното првенство, домашниот Супер куп, СЕХА Газпром лигата и ЕХФ лигата на шампионите.