Ракометарите на Вардар 1961 денеска патуваат за Полска каде утре ќе истрчаат против Кјелце во натпревар од осмото коло во Лигата на шампионите.

Вардарци беа поразени во минатото коло од Полјаците во Скопје со 33:29 па утрешниот натпревар од одлична шанса за спортски реванш.

„Гледавме видео, анализиравме каде погрешивме и што треба да направиме, кои грешки да ги поправиме. Кјелце е квалитетна екипа, искусна со беспрекорен напад. Мислам дека одбраната им е послаба алка. На првиот натпревар ние игравме добро но промашивме многу зицери. Тоа треба да го сведеме на минимум и да не го разбраниме нивниот голман.“ – изјави Георгиевски.