Вардаровите ракометари вечерва ќе истрчаат на теренот на Мотор Запорожје во натпревар од СЕХА лигата, со амбиција да ја заокружат февруарската маратонска „голгота“ со позитивен резултат.

Крилото на Вардар 1961, Гоце Георгиевски е уверен дека и покрај недостигот за добра подготовка може да се забележи добар резултат.

„Овој период одигравме многу натпревари, но иако очекувавме вакво темпто, сепак беше тешко за нас. Ни следи долг пат до Запорожје. Мотор игра добро во ЛШ. Многу трчаат, постигнуваат многу голови и имаат квалитетен тим. Мора добро да се подготвиме, секоја победа ни носи дополнителна самодоверба и подобра атмосфера. Се надевам дека ќе извлечеме добар резултат.“ – изјави Геригиевски.

Натпреварот меѓу Мотор Запорожје и Вардар 1961 е закажан за саботниот термин од 20:15 часот.