Македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски заедно со неговите соиграчи се подготвуваат за утрешното соочување со Црна Гора.

Планот е јасен, по поразот од Словенија треба да се извлече поука, да се елиминираат грешките и да се дојде до позитивен резултат.

„По загубен натпревар нормално дека има разочарување и поразлично се чувствува екипата, но мислам дека треба да извлече позитивна поука од мечот затоа што мислам дека одигравме добар дуел. Не беше квалитетен натпреварот ниту од нивна, ниту од наша страна поради големиот број на грешки, но ние сме млада репрезентација во транзиција. Мислам дека репрезентацијата е на вистински пат и не треба да сме разочарани поради поразот, туку треба да гледаме напред. Немаме многу време пред дуелот со Црна Гора, но ќе го анализираме противникот и ќе имаме тренинг, па така мислам дека добро ќе се подготвиме за натпреварот. Црногорците имаат многу позитивни ракометари и не знам каков ќе им биде составот, но сме играле со нив и ни одговара нивниот стил на игра.“ – изјави Георгиевски.