Во борбата за петтата позиција на ЕП во Австрија, Норвешка и во Шведска, селекцијата на Германија минимално ја совлада Португалија.

Двете репрезентации водеа израмнет натпревар во текот на сите 60 минути, без големи резултатски осцилации. Најважното се случи на пет минути до крајот на средбата, кога Германија ги искористи одбраните на својот голман Јоханес Битер и успеа да стекне предност од два гола.

И покрај обидот на Португалија, оваа разлика остана до самиот крај.

Германија го освои петтото место и обезбеди олимписки квалификации. Португалците се пласираа подобро од што очекуваа, бидејќи нивниот тренер Пауло Переира сметаше дека ќе завршат на седмото место. Како награда, и Португалија обезбеди олимписки квалификации.

Германија – Португалија  29:27 (14:13)