Многукратниот шампион на Полска, Виве Киелце, е на добар пат да ја реши финансиската криза, која неколку години го тресе клубот.

Како што пишува sportowefakty.wp.pl., Киелце ги заврши преговорите со новиот спонзор чие име ќе биде објавено на специјална прес-конференција на 29 февруари.

Полските медиуми известуваат за преговорите што во последните неколку месеци раководството на Киелце ги води со крупна германска трговска мрежа специјализирана за продажба на храна.