Вчерашната ждрепка за противник ни ја одреди Франција, најтешкиот противник од сите што ни беа на располагање.

Нашиот селектор, Данило Брестовац, веќе изјави дека шансите ни се многу мали, но сега читаме дека и новиот селектор на Франција, Гијом Жил, со исклучителен респект зборува за својот иден противник од баражот за пласман на СП 2021 во Египет.

Лошиот пласман на ЕП 2020 не натера да учествуваме во квалификации. Успеавме да се најдеме во првиот шешир при ждрепката, но за противник ја добивме селекцијата на Македонија. Оваа репрезентација е навикната да учествува на големите натпреварувања, каде веќе ги покажа своите квалитети. Ги знаеме карактеристиките на нивната игра, особено играта 7 на 6. Некои Македонци настапуваат и во првенството на Франција и тука морам да го издвојам Кире Лазаров, кој е легенда во нашиот спорт. За нас е малку чудно што мораме да играме бараж, но ќе мораме да бидеме максимално сконцентрирани во текот на двете средби. Првиот дуел го играме на гости, но решавачкиот ќе го играме на домашен терен“, изјави Жил за сајтот на француската федерација.

Првите натпревари од баражот ќе се одиграа од 5-7 јуни, а реваншите се закажани од 9-11 во истиот месец.