Македонската кадетска репрезентација, вечерва во „Борис Трајковски“ ќе игра против Португалија во осминафиналето на Мундијалот за ракометари до 19 години.

Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Ѓоргоноски упати порака до нашите ракометари со една дел, да го дадат најдобро од себе па макар тоа и да не донесе победа.

„Кога малкумина веруваат во вас и кога е најтешко, бидете најдобри и уште поважно единствени. Дадете го вечерва најдоброто од себе и повеќе од тоа. Ако е тоа доволно за победа, одлично. Во случај да не биде доволно, ќе бидете “чисти” пред себе. Напред Македонија.“ – напиша Ѓоргоноски на Фејсбук.

Со порака до нашите најдобри кадети се јави и актуелниот репрезентативец, Димитар Димитриоски.