Поранешниот ракометар и македонски репрезентативец, Горан Ѓоргоноски по настапот на нашата млада ракометна репрезентација во осминафиналето против Португалија на ракометниот Мундијал во Скопје даде свое видување за играта на нашите репрезентативци на вчерашниот меч.

” Од самиот старт беше очигледно дека пристапот кон натпреварот е комплетно поразличен од претходните натпревари. Мотивирани, сплотени и со желба да се надигруваат против индивидуално поквалитетните Португалци“ – потенцира Ѓоргоноски.

Ѓоргоноски ја анализираше и играта и тактиката, нападот презел поголема одговорност.

Во одбраната 6-0 зоната со Симоноски и Младеновиќ беше најквалитетна до сега, со недостатоци на двојка кај Серафимов кои не дозволуваа нашата зона да покаже резултат.

Во нападот конечно после 5 натпревари Младеновиќ презеде поголема одговорност и реализираше шанси направени од одличнат игра на “два на два” на Серафимов и Симоноски. Нападот генерално делуваше многу пострпливо и тоа носеше резултат долго време.

Сепак, во последните 7-8 минути, Португалија покажа дека е поквалитетна и поискусна селекција од нашата каде ги искористи нашите техничките грешки и избрзаните шутеви на нашите репрезентативци каде во последните моменти од мечот го сврте резултатот во своја корист.” заврши со својата анализа за вчерашниот меч Горан Ѓоргоноски.

Македонија денеска на Мундијалот во Скопје се среќава со Аргентина од 16-15 часот во меч за пласман на 13. место.