Ракометарите на Вардар и оваа година ќе бидат главна спортска атракција во Скопје. Најверните навивачи од денеска можат да ги набават сезонските билети по цена од 2200 и од 2550 денари.

Во продажба се пуштени приоритетните сезонски билети кои можат да се најдат на билетарницата во СЦ „Јане Сандански“ и на тикетсплус.мк.

Со сезонскиот билет навивачите ќе мораат да ги гледаат натпреварите на домашен терен од групната фаза во Лигата на шампионите, сите пресметки од СЕХА конкуренцијата како и сите пресметки кои ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ од Супер лигата и од националниот Куп.

Повеќе за правилата и роковите за набавката на сезонските и на поединечните билети прочитајте на овој линк.