Македонскиот ракометен Суперлигаш, Голден Арт КЛ7 има нов тренер, на местото на Андон Бошковски е ангаќиран Игор Котески.
Котески целата своја играчка кариера ја помина во Македонија а како тренер досега работеше во мадинскиот тим на Вардар, во РК Македонија, Драчево, Пролет, Бутел и во Металург 2.
„Еден од најдобрите македонски ракометари на сите времиња, Игор Котески е изборот на раководството на најмладиот ракометен суперлигаш за нов шеф на стручниот штаб.Филозофијата на работа и создавање на млади играчи е заедничка појдовна основа за оваа соработка на прославениот пивот и нашиот клуб. Му посакуваме многу успех и среќа, пред се во обезбедување на опстанок во супер лигата, што е и една од главните цели на клубот оваа година. Покрај тоа Котески ќе работи на надградба на младите играчи во клубот, кои се основа на идните успеси на истиот. “– стои во соопштението на Голден Арт КЛ7.
Comments are closed for this post.