Трагедија го потресе ракометниот свет. Рано утринава дојде информација дека починала поранешната македонска репрезентативка, Јулија Николиќ (Партенко). Ракометарката која своевремено го носеше Кометал Ѓорче Петров ненадејно починала синоќа.

Партенко дојде во Македонија во 2003 година во тимот на Кометал Ѓорче Петров и брзо после тоа успеа да се најде и во репрезентацијата на Македонија. Шест години го носеше дресот на ѓорчепетровки, а потоа замина во Ускудар. Играше и во Франција и една сезона во Звезда Звенигород пред во 2013 година да дојде во Вардар.

Кариерата ја заврши во Вардар две години подоцна, а со Македонија беше дел и од големите натпреварувања. Важеше за голем борец на теренот.

Во последните шест години беше надвор од ракометот.