Уште во првото плеј оф коло во македонската ракометна Суперлига се случи и првото големо изненадување, на еден начин сензација. Тинекс Пролет подобар од Металург со 29:26. Тоа докажува дека македонското првенство е израмнето можеби како никогаш претходно и секој може да победи секого, освен можеби Вардар и Пелистер.

Кај Пролет најдобар беше Ласко Андоновски со седум голови, пет постигнаа Дејан Пецаковски и Никола Потиќ, четири имаше Жарко Пејовиќ, по три Михаил Аларов и Мартин Димов, два пати прецизен беше Давор Палевски.

Кај Металург со десет гола најмногу се истакна Василије Калуѓеровиќ, четири имаше Хорват, три постигна Милан Поповиќ, по два имаа Мице Шилегов, Мартин Серафимов, Марко Тарабокија и Стефан Додиќ, еднаш во листата на стрелците се запиша Мил