Репрезентативниот голман на Летонија, Кугис Артурс е најновото засилување на РК Вардар. Артурс доаѓа од екипата на Гросвалштат а со Летонија избори пласман на ЕП во 2020 година.

Навистина сум среќен што потпишав договор со Вардар и ќе бидам дел од еден од најдобрите спортски тимови во ракометот. Се разбира со потпишувањето на овој договор си поставив и цел да бидам најдобар што можам. Скопје за мене е центарот на ракометот. Се надевам заедно можеме многу да постигнеме. Сакам да се заблагодарам на клубот што ќе можам да играм за Вардар. Едвај чекам да играм во „Јане Сандански”, изјави Кугис Артурс за клупскиот сајт на РК Вардар,.

Од РК Вардар информираа дека во втората половина од јули ќе ги започнат подготовките за настапот на Супер Глоуб. Вардарци денеска го потврдија и ангажманот на Димитар Димитриоски.