Сергеј Горбок потврди дека заминува од Вардар и во следната сезона нема да биде дел од црвено-црното семејство.
Новиот сопственик на РК Вардар, Михајловски најави дека оние кои нема да бидат флексибилни во однос на платата може да си одат, што најверојатно е во случајот со Горбок.
„Јас сакам да кажам едно големо благодарам за сите што го имам доживеано во овој клуб. Голема благодарност до сите фанови и градот Скопје. Јас сум многу среќен што успеав да запознаам многу луѓе и тие станаа мојот живот. И многу благодарам на СергејСамсоненко и на најдобариот ракометен клуб во светот. Бев среќен да играм во овој клуб со толку прекрасни луѓе. Ви благодариме на сите многу.“ – напиша Горбок.
Comments are closed for this post.