Битолскиот Суперлигаш, Еурофарм Работник го загуби финалето од АЕК со 27:23 на меѓународниот традиционален турнир во Струга.

За прв пат по 47 изданија, на овој контролен турнир славеше екипа од Грција. АЕК добро го отвори натпреварот но до крајот на првото полувреме Еурофарм се врати во игра, направи пресврт и на пауза замина со предност од 14:13.

Во вториот дел, на сцена стапи Арсиќ и поради неговата форма на голот, АЕК дојде до големата победа. Домфрис со осум гола беше најдобриот поединец во победничкиот состав, за Еурофарм Работник Стјепановиќ и Граџан постигнаа по шест гола.