Според информациите на францускиот весник  „Le parisien“ ракометниот клуб на ПСЖ најде соодветни засилувања за сезоната 2020/21.

Метју Гребиј, левиот бек, од тимот на Монпелје, ќе го напушти европскиот пампион од 2018 и ќе го носи дресот на „светците“.

ПСЖ и Гребиј постигнале договор за тригодишна соработка од 2020 година. Освен Гребиј, ПСЖ ќе се засили и со талентираниот 20-годишен лев бек на Ним, Елохим Пранди. Договорот на Пранди е со исто времетраење и за ист период од три години како и на Гребиј.