Шпанецот Едуардо Гурбиндо штотуку пристигна заминува од Вардар. Иако најавен како големо засилување, тој заминува по само одиграни неколку контролни натпревари.

Она што летово се случуваше во клубот, односно неизвесноснарта околу барањето од ЕХФ клубот да уплати депозит под еден милион евра изгледа ги поремети плановите на шпанскиот играч.

Гурбиндо за шпанските медиуми откри дека тоа што му било ветувано при преговорите, не се реализирало и поради тоа побарал раскин на договорот кој на крајот го добил и наскоро се сели во Динамо Букурешт.

„Кога преговаравме за моето доаѓање ми кажуваа едни работи за Вардар, ми претставуваа сериозен проект. Но, кога дојдов во Скопје, тоа што го видов е сосема различно од она што ми беше најавувано. Трансферот во Динамо Букурешт e договорен и се чека само на некои документи за истиот да биде официјализиран“– изјави Гурбиндо за шпанските медиуми.