Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа денеска во Скопје го следеше мечот меѓу Македонија и Аргентина во борба за пласман на 13.место на Мундијалот, нашиот национален тим победи со 29-26.

Мустафа е гостин на Ракометната федерација на Македонија на Мундијалот кој е беспрекорно организиран, пријателството со РФМ  и претседателот Мукаетов продолжува по денешното дружење во Скопје.