Ракометната селекција на Хрватска го запиша првиот триумф во вториот круг на Мундијалот во Египет, падна Бахреин со убедливи 28-18.

Со оваа победа составот кој го предводи Лино Червар е на чекор од четвртфинале, следно за Хрватска е дуелот со Аргентина кој ќе значи борба за четвртфинале.

Хрватска важеше за фаворит на оваа средба против селекцијата која е без бодови, Червар ротираше играчи, им даде шанса речиси на сите, најефикасен беше Хорват со осум гола.

Следно за Хрватите е дуелот со Аргентина во сабота од 18 часот, меч во кој немаат право на грешка.