Хрватскиот репрезентативец Ловро Јотиќ и официјално го засили Еурофарм Работник. Јотиќ доаѓа од ППД Загреб и ќе биде огромно засилување за битолскиот суперлигаш пред настапот во Лигата на шампионите.
Јотиќ игра на позицијата лев и среден бек, стави потпис на двегодишен договор.
24-годишниот загрепчанец ќе биде замена за неколку ракометари на оваа позицијата кои го напуштија клубот. Јотиќ е трето интернационално засилување за тренерот Алушовски по Словенецот Ратајац, кој дојде од шампионатот на Австрија и Марин Вегар, кој пристигна од Романија.
Јотиќ вчера ги мина лекарските прегледи и официјно стави потпис на договорот до крајот на следната сезона. Хрватот ќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб од 21 јули кога официјално ќе започнат подготовките.
Be the first to write a comment.