На денешниот прес пред мечот Пик Сегед во рамките на Лигата на шампионите, тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ се осврна на повеќе теми, а меѓу нив и здравствениот билтен на тимот.

Како што информираше Вујовиќ проблеми пред мечот со Унгарците имаат Тимур Дибиров, Марко Мишевски, Куни Моралес, Стојанче Стоилов, Жереми Тото и Анте Кудуз, а непознато е кој од нив ќе настапат, кои не.

„Повредите се во голем број. Дибиров има некоја вироза, не тренира и е на инфузија. Во еден дуел страдаа Мишевски и Куни и не се опоравени. Тото има проблем со коленото и не се знае дали ќе игра. Проблеми имаа и Стоилов и Кудуз. Некој од нив со сигурност ќе биде во составот, ама не е исто дали некој е 100% спремен за натпревар или влече проблеми“- вели Вујовиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Пик Сегед е на програмата в четврток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, а останува да видиме кој состав ќе го има Вујовиќ на располагање.