Македонските кадети денеска забележаа два порази. Одиграа две израмнети средби во кои на крајот се радуваа нашите противници, селекциите на Тунис и на Хрватска.

Во втората денешна средба на Медитеранските игри во Атина, загубивме од Хрватска, со резултат 18:21 (6:7, 6:7, 6:7).

Македонија одигра три израмнети третини, кои ги загуби со идентичен резултат, минимални 6:7.

Утре избраниците на Никола Матлиески ќе ги одиграат последните две средби од групната фаза, со Црна Гора (11 часот) и со Турција (16 часот).