Игор Карачиќ останува во Киелце, тој во редовите на клубот од Полска минатата сезона настапуваше со бројот 5 на дресот, од оваа сезона ќе го носи бројот што го имаше во Вардар.

Хрватот штом дозна дека бројот 18 е слободен по заминувањето на Блаж Јанц, го зграби дресот со бројката што ја имаше на грбот додека играше во Вардар.

Карачиќ ќе дојде во Скопје, но како играч на Киелце кој е противник на Вардар во новата сезона во Лигата на шампионите.