Хрватскиот ракометен репрезентативец Игор Карачиќ ја започна сезоната во новиот клуб по заминувањето од Вардар, а тоа е полскиот шампион Киелце.

Хрватот денес ги мина лекарските прегледи, а потоа ќе го одржи првиот тренинг со новите соиграчи и тренерот Талант Душебаев.

Карачиќ ќе биде замена за Лука Циндриќ, кој замина во Барселона. Киелце е дел од групата со Вардар во Лигата на шампионите, па есенва се очекува првиот натпревар на Карачиќ против поранешниот клуб.