Откако не успеа да избори опстанок во суперлигашкото друвштво, екипата на Голден Арт КЛ7 реши да се раздели со досегашниот тренер Игор Котевски.

Котевски пристигна во КЛ7 на почетокот од пролетниот дел од сезоната, но не ја оствори основната амбиција на клубот.

„Заклучно со 22.06.2021 година (вторник) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Игор Котевски. На Котевски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развојот на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани. Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот.“ – велат од Голден Арт КЛ7.