Поранешниот ракометар Игор Котевски е нов тренер на Металург 2.

Котевски кој минатата година го водеше тимот на Бутел во Автокоманда ќе дојде на местото на Раде Стојановиќ кој оваа година ќе биде тренер на Охрид.Официјалната промоција стратегот ќе ја има на 5 август за кога е закажан и почетокот на подготовките на екипата за новата сезона.

Котевски минатата сезона го водеше Бутел со кој пред десетина дена ја прекинаа соработката.