Светската ракометна федерација одлучи Македонија да ја добие организацијата на Светското првенство во 2024 година за ракометарки до 20 годони.

Ракометната федерација на Македонија достави четири кандидатури за организација на четири различни првенства но доби само една.

Во сениорска конкуренција-мажи, СП во 2025 ќе го организираат Хрватска, Данска и Норвешка а во 2027 година Мундијалот ќе се игра во Германија.