Ракометниот тренер Илија Темелковски ќе биде за нов тренер на ракометниот клуб Струга.

Предходниот стратег Андон Бошковски ги напушти стружани за да седне на клупата на новиот прволигаш КЛ7, а од неколкуте тренери со кои Наумче Мојсовски контактираше, на крајот изборот падна врз Темелковски, кој последниот клупски ангажман го имаше на клупата на Работник.