Покрај потписот на Хорват, Металург своите навивачи ги израдува и со новиот тригодишен договор со харизматичниот тренер Иван Марковски.

Марковски дојде во Металург при крајот на март и за кратко време успеа да ја консолидира екипата и да ја извлече од резултатската криза во која го најде клубот. Одлично е прифатен од играчите на кои најде начин да им влее нова, победничка атмосфера.

“Мојата поддршка во следните три години, како предводник на стручниот штаб, ја добива Иван Марковски, заради енергијата, посветеноста, умешноста да се биде најхрабар кога е најтешко. Одлично е прифатен од екипата, која ја препороди за овој краток период и се надевам дека најдоброто допрва ќе дојде“, вели претседателката на Металург Зорица Блажевска.