Поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван е прв пик на раководството на ППД Загреб за менаџерската позиција по заминувањето на Веселин Вујовиќ, пренесуваат медиумите од Хрватска.

Првиот оперативец на загребскиот клуб, Божидар Јовиќ посочи дека новиот тренер на ППД Загреб ќе биде Хрват. Обрван е прв избор а во игра се уште и Ненад Кљаиќ и Ирфан Смајлагиќ.

Ова може да се промени само во случај Вујовиќ во скоро време да ги реши проблемите кои ги има во Белград и повторно да се врати во Загреб, иако мали се шансите за ова сценарио.