Тешките милиони повторно недоволно за ракометниот клуб ПСЖ да се качи на тронот на Европа. Оваа година повторно се сопрени, сега во полуфиналето против дански Алборг, чија бајка продолжува, тие се првите финалисти на фајнл форото во Келн.

Данците во првиот полуфинален меч беа подобри од Французите со 33:35.

Уште од почетокот се виде дека тоа ќе биде одлична ракометна претстава. Имаше борба и убави потези, а на средината од првото полувреме, ПСЖ направи мини серија и на одмор замина со 15:13.

Клучниот момент може да се каже беше кога Данците со една убава серија дојдоа во водство од 28:27 кое до крајот го одржуваа за да го добијат мечот со два разлика.

Кај Алборг најмногу се покажа Клар со осум гола, по пет имаа Антонсен, Кристенсен и Саугструп, четири пати стрелаа Мелгард и Сандел, два гола постигна Јул, а по еднаш прецизни беа Јакобвсен и Бартхолд.

Најдобар стрелец за парижаните беше Ремили со седум гола, го следеше Хансен со шест, по четири пати стрелаа Лука Карабатиќ, Соле и Стеинс, три гола имаше Пранди, по два пати прецизни беа Шипжак и Нахи.

Во вториот полуфинален меч во моментов македонскиот селектор и капитен Кирил Лазаров со својот Нант игра против Барселона.