Денес беше извршена ждрепката за групите на завршниот турнир на Светското првенство за ракометарки, кое од 30 ноември до 15 декември ќе се одржи во пет сали во областа Кумамото во Јапонија.

Исклучително силна е групата Б во која се наоѓаат поранешните светски шампиони Бразил, Франција, Данска , Германија и Јужна Кореја.

Еве како изгледаат и преостанатите групи :

Група А:
Куба, Србија, Ангола, Словенија, Норвешка, Холандија

Група Б:
Австралија, Бразил, Германија, Јужна Кореја, Данска, Франција

Група Ц:
Унгарија, Романија, Црна Гора, Казахстан, Сенегал, Шпанија

Група Д:
Конго, Аргентина, Шведска, Русија, Јапонија, Кина

Инаку светската титула од 2017 година ја брани репрезентацијата на Франција.