Македонската кадетска ракометна женска репрезентација, ја запиша првата победа на ЕХФ шампионатот во Италија откако ја совлада Белорусија со 30:29.

Избраничките на Симе Симовски ги предводеше Ангела Јанкуловска која мечот го заврши со пет голови, поефикасни за еден гол беа Ѓорѓиевска и Седловска.

Нашата репрезентација утре е слободна, во среда ќе игра со Азербејџан а со Полска во четврток.