Македонската ракометна репрезентативка, Дајана Јовановска се одлучи да ја прифати понудата од Скрим Конгберг.

Јовановска ќе остане во Скандинавија каде предходно играше за Кристијанштад. Јовановска во новиот клуб доаѓа како големо засилување и треба да помогне околу амбицииите, екипата да се врати во Првата лига на Норвешка.

За Јовановска ова е втор меѓународен предизвик по петте години минати во Металург од Автокоманда.