Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на ЕХФ Шампионатот каде второто коло со 34:22 полувреме (19:12) загуби од Швајцарија.

Нашите девојки имаа добар старт на натпреварот и минимални 5:4, по кои благодарение на одличната игра во одбраната противникот дојде до пресврт, а потоа и до висока предност на полувреме.

До крајот на мечот Швајцарија само ја зголеми предноста и дојде до триумф. Македонија утре од 18 часот ќе игра против Литванија во последното коло од групата Б, а победа би значела и пласман во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот.