Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започнаа подготовките за настап на претстојното Светско првенство што од 6 до 18 август ќе се одржи во нашата држава,поточно во Скопје.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе бидат во Струга до 17 јули, за потоа нашите надежи да продолжат во Маврово, а завршната фаза ќе се одработи во Скопје.

Македонија е во Група Ц заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и Бахреин.

Првиот натпревар на Мундијалот нашиот национален тим го игра на 06 август во 20:30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.