Македонската машка кадетска ракометна репрезентација настапот на Медитеранските игри го заврши со победа а со тоа го обезбеди и 10 место во севкупниот пласман.

Македонија денеска славеше над Кувајт во последното коло со 22:13 и со ова доби 4,5 бодови па со вкупно 16,5 бодови се позиционираше на 10 позиција во поередокот.

Избраниците на Никола Матлиески денеска против Кувајт во воведната третина постигнаа пет а примија три гола.  Во второта беше 4:4 а во последната одиграа многу подобро 13:6 за вкупен триумф од девет разлика.