Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ремизираше против Турција во последниот меч од групната фаза на медитеранските игри кои се одржуваат во Атина.

Мечот заврши 15-15 и е прво реми за кадетите на овој турнир на кој имаат и една победа и четири порази. Она што мора да се напомене е прокоцканата шанса да се дојде до победа во финишот, кога нашите момци не искористија седмерец за победа.

Единствено Македонија ја совлада Мароко со резултат од 22-17.