Глеб Калараш дефинитивно по втор пат во кариерата ќе го носи дресот на РК Вардар. По раскинот на договорот со Мотор, репрезентативецот на Русија прифатил нова соработка со Европскиот првак.

Од Вардар потврдија дека Калараш ќе потише договор на две години. Пивотот ќе им се приклучи на вардаровите играчи наскоро и преставува големо засилување за ростерот на Писнеро предд настапот на Супер Глоуб купот.

Во битката за светската клупска титула, Вардар ќе настапи без повредените Стоилов, Толедо и Атман.